Британски министер за одбрана: „Адмирал Кузнецов“ е „брод на срамот“

Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон го смета „Адмирал Кузнецов“ за „брод на срамот“.

Министерот за одбрана на Велика Британија Мајкл Фалон го нарече рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“, кој се враќа во Русија од зоната на конфликтот во Сирија - „брод на срамот“, соопштува „Гардијан“.

„Ние внимателно го следиме „Адмирал Кузнецов“, кој е на враќање кон Русија; тој брод на срамот, кој само ги продолжи страдањата на сирискиот народ“, изјави Фалон.

Руските бродови, кои минуваат низ Ла Манш, се следени од британски воени бродови, на кои им се придружија и бродови на НАТО од Германија, Холандија, Норвешка, Португалија и Белгија, како и повеќенаменски авиони-ловци „Тајфун“ на британското воено воздухопловство, пренесува РИА „Новости“.

„Взгљад“ пишува дека операцијата за придружување на руската група бродови на Северната флота на нејзиниот пат до Сирија од страна на британските воени бродови го чинела Лондон речиси  1,4 милиони фунти. Британската војска исто така објави фотографии и видео од следењето на „Адмирал Кузнецов“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња