Белгиски пратеник: Европа ќе го следи Трамп како послушна овчичка

Доналд Трамп ќе ги укине санкциите против Русија, а Европа автоматски ќе ги следи САД како послушна овчичка, изјави белгискиот пратеник Алдо Каркаси во интервју за РТ.

Приврзаниците на укинувањето на антируските санкции во парламентот на Белгија повторно ќе поднесат резолуција за укинување на мерките на ограничување спрема Москва, изјави во ексклузивно интервју за РТ авторот на предлог-законот, пратеник на опозициската Народна партија Алдо Каркаси.

Каркаси смета дека Европа во своите дејствија наполно се потпира на политиката на САД, но со изборот на Доналд Трамп за американски претседател, дојдено е времето за укинување на санкциите и воспоставување дијалог со Русија и претседателот Путин.

„Да ви кажам: не зборувавме бадијала за Доналд Трамп. Тој веќе менува многу нешта. И тој ќе ги укине санкциите против Русија. А Европа, ќе видите, автоматски ќе ги следи САД како послушна овчичка. На тоа давам година дена. Најмногу за година дена ситуацијата ќе биде сосем поинаква“, изјави Каркаси.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња