Русија задоволна од преговорите за Сирија

Русија е задоволна од првиот ден на преговорите за Сирија во Астан, изјави специјалниот претставник на претседателот на РФ за Сирија Александар Лаврентјев.

Првиот ден од преговорите во Астана беше успешен, присуството на вооружената опозиција и владата на Сирија овозможува да се постигне ново квалитетно ниво на преговарачкиот процес, изјави специјалниот претставник на претседателот на РФ за Сирија Александар Лаврентјев.

„Сакам накратко да ве информирам за исходот од денес. Сметаме дека беше доволно успешен. Пред сѐ, како што знаете, успеавме да го отвориме денеска одржувањето на меѓународната средба за сириското решение во Астана“, изјави Лаврентјев за новинарите.

„Го сметам овој настан за доволно значаен поради тоа што успеавме да го отвориме овој настан не само во присуство на делегациите на трите земји-гаранти на договорот, потпишан на 29 декември минатата година, туку и во присуство на претставникот на генералниот секретар на ООН, како и на амбасадорот на САД во Казахстан, но и во присуство на делегацијата на сириската влада и на сириската вооружена опозиција“, додаде тој.

„Сметам дека тоа е многу значаен, многу симболичен чекор кој на сите ни овозможува да се надеваме на излез на некакво ново квалитетно ниво на реализација на преговарачкиот процес“, потенцираше шефот на руската делегација, пренесува „Интерфакс“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња