САД не праќаат делегација во Астана за преговорите за Сирија

САД не испраќаат посебна делегација на преговорите за Сирија што ќе се одржат во главниот град на Казахстан поради инаугурацијата на Трамп, соопшти Стејт департментот.

Амбасадорот на САД во Казахстан Џорџ Кол ќе ги претставува САД на преговорите за Сирија во Астана, пренесува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на изјавата на портпаролот на Стејт департментот на САД.

САД нема да испратат посебна делегација од Вашингтон на преговорите во Астана, се истакнува во изјавата.

„Имајќи ја предвид инаугурацијата на нашиот претседател и итната потреба да се изврши трансфер на власта, делегација од Вашингтон нема да присуствува на конференцијата во Астана“, се вели во изјавата на американскиот дипломатски ресор што ја пренесува РИА „Новости“.

Преговорите со учество на здружена делегација на вооружената опозиција на Сирија и претставници на владата ќе се одржат во главниот град на Казахстан на 23 јануари. На преговорите е поканет и специјалниот пратеник на ООН за Сирија Стафан де Мистура.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња