Руската стратешка авијација изврши напади врз објекти на ИД во Сирија

Шест стратешки бомбардери Ту-22М3 извршија напад врз објекти на терористите на „Исламската држава“ во Сирија.

Шест стратешки бомбардери Ту-22М3 кои полетаа од територијата на Русија, извршија напад врз објекти на терористите на „Исламската држава“ во провинцијата Деир ез-Зор на североистокот на Сирија, соопштува Одделот за информирање и масовни комуникации на Министерството за одбрана на Русија.

Цели на нападот беа кампови на терористите, магацини со оружје и муниција, оклопна техника и жива сила.

Бомбардерите беа придружувани од ловци Су-30СМ и Су-35С кои полетаа од аеродромот „Хмејмим“.

По извршувањето на борбената задача сите руски авиони се вратија на аеродромите на постојано базирање, истакнува рускиот одбранбен ресор, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња