Песков се надева дека Путин ќе се кандидира на изборите 2018 година

Портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави дека се надева дека Путин ќе се кандидира на претседателските избори 2018 година.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков се надева дека Владимир Путин ќе учествува во изборите 2018 година. Ова тој го изјави во интервју за Би-Би-Си.

„Уште во текот на нашето прво интервју во 2004 година ви реков дека како граѓанин на Руската Федерација се надевам дека тој ќе донесе одлука да оди на нов мандат“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето на новинарот дали Путин повторно ќе се кандидира за нов мандат.

Притоа портпаролот на шефот на руската држава истакна дека присуството на сериозна опозиција, која би можела да ѝ се спротивстави на сегашната власт, би била од полза за Русија.

Претседателските избори во Русија треба да се одржат на 11 март 2018 година. Доколку ниту еден од кандидатите не добие апсолутно мнозинство гласови (50% плус еден глас), по три недели ќе се одржи уште еден изборен круг, пишува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња