Сите функции на профилот на РТ на „Фејсбук“ обновени

Официјален претставник на „Фејсбук“ соопшти дека сите функции на ТВ-каналот РТ (RT) се обновени и дека се работи на разјаснување на причините за блокадата.

„Во моментов сите функции на таа страница се обновени и се достапни на нејзиниот сопственик. Причините за привременото блокирање на некои функции се утврдуваат“, соопшти за РТ на руски официјален претставник на „Фејсбук“.

Претходно беше соопштено дека „Фејсбук“ го деблокирал пристапот на РТ, така што ТВ-каналот може да објавува вести со линкови, фотографии и видео на англиската верзија на страницата РТ на оваа социјална мрежа.

Пристапот беше блокиран по преносот од прес-конференцијата на претседателот на САД Барак Обама.

Се претпоставува дека „Фејсбук“ по грешка утврдил дека РТ нема права за преносот.

Подоцна главниот и одговорен уредник на РТ Маргарита Симоњан изјави дека ТВ-каналот ќе бара обнова на функциите на страницата на „Фејсбук“ на сите можни начини.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња