„Фејсбук“ го блокира профилот на РТ за инаугурацијата на Трамп

Главниот и одговорен уредник на РТ Маргарита Симоњан изјави дека ТВ-каналот ќе ги преземе сите можни мерки за да го поврати блокираниот „Фејсбук“ профил.

„Фејсбук“ привремено ѝ забранува на телевизијата РТ (RТ) да објавува свои прилози кои содржат линкови, илустрации и видео материјал.

„Ќе бараме да ни се врати блокираниот профил на сите можни начини“, ја цитира Симоњан „Рамблер“.

Главниот и одговорен уредник нагласи дека раководството на руската телевизија веќе се обратило до администрацијата на „Фејсбук“ со барање да се ослободи профилот, но тоа барање досега не дало резултат. РТ е блокирана до 21 jануари, до 22:25 по московско време.

На тој начин, забраната за објавување на прилози на РТ се совпаѓа со времето на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп. Церемонијата ќе заврши на 20 јануари во 20:30 часот по московско време.

Администрацијата на „Фејсбук“ го даде засега единствениот коментар кој се сведува на тоа дека забраната следела на барање на американското „Радио Слобода“ поради наводно кршење на авторските права, пренесува РИА Новости.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња