Бајден зборуваше за американскиот одговор на „руските хакерски напади“

Потпретседателот на САД Џо Бајден зборуваше за активностите кои САД ги презема и ќе ги преземе како одговор на „руските хакерски напади“.

Властите на САД како одговор на „хакерските напади на Русија“ ќе преземаат како официјални мерки, така и методи со кои јавноста нема да биде запознаена, изјави во интервју за телевизијата Пи-Би-Ес американскиот потпретседател Џо Бајден.

„Ќе одговориме на хакерските напади во време кое ние ќе го избереме“, изјави тој, потенцирајќи дека за „некои од тие акции“ на САД ќе се дознае. „Ќе дознаете за нив, а за некои – не“, заклучи Бајден, додавајќи дека тие ќе „дејствуваат и така, и така“. „Работите кои ги знаете, и работите кои не ги знаете, како на пример, протерување (на руски дипломати од САД)“, изјави потпретседателот на САД, пренесува РБК.

Покрај тоа, Бајден изјави дека има „голем консензус“ во разузнавачката заедница на САД и постојат „убедливи докази“ дека  „Русија се обидуваше да влијае на исходот на претседателската трка во САД“.

Претходно на 6 јануари Си-Ен-Ен, Ен-Би-Си и „Вашингтон Пост“ објавија детали од тајниот извештај за „вмешаноста на Русија“ во  изборите во САД. На ова новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изрази изненадување, велејќи дека медиумите не треба да имаат „ексклузивен пристап до тајниот извештај кој беше доставен до Обама“. „Кој го направи тоа и зошто?“, напиша Трамп на својот профил на „Твитер“. „Политиката“, заклучува тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња