Бајден зборуваше за антируските санкции

Активниот потпретседател на САД Џо Бајден во текот на својата посета на Украина изјави дека антируските санкции треба да останат на сила сѐ додека Крим не ѝ биде вратен на Украина.

„Санкциите против Русија, поврзани со Крим, треба да останат сѐ додека Русија не ѝ го врати Крим на Украина, ги цитира неговите зборови „112 Украина“.

Претходно беше соопштено дека премиерот на Украина Владимир Гројсман во текот на средбата со Бајден му се заблагодарил за „вербата во Украина“.

Бајден претходно го спореди патот на Украина до демократијата со лет на Месечината, пренесува РТ на руски.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња