Плевнелиев: Русија се обидува однатре да ја растури ЕУ

Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев ја обвинува Русија дека се обидува да ја поткопа Европската унија со помош на медиумите, интернетот и ултранационалистичките партии.

Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев изјави дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Европската унија со помош на медиумите, интернетот и ултранационалистите, пренесува „Дојче Веле“.

„Има многу знаци за тоа дека Русија ги финансира антиевропските партии и медиуми во Бугарија и другите земји на ЕУ“, изјави Плевнелиев. Според него, „Москва ќе ја поткопува ЕУ однатре, поддржувајќи ги ултранационалистичките партии или движења“, дејствувајќи „како Советскиот Сојуз на времето“, со помош на идеологија, обидувајќи се „да ја ослаби Европа преку ширење на сомнежи во вредноста на демократијата и владеењето на правото“.

Истите цели, според зборовите на бугарскиот претседател, РФ ги следи и на интернет.

„Европејците треба да знаат што се случува и кон што е насочена руската пропаганда“, заклучи Плевнелиев.

Функцијата на Плевнелиев како претседател истекува во февруари 2017 година. Во ноември на претседателските избори победи кандидатот на социјалистите, поранешен командант на ВВС Бугарија, генералот Румен Радев.

Локалните медиуми го нарекуваат „проруски кандидат“, пишува „Рамблер“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња