Обама ги продолжи санкциите против Русија

Претседателот на САД Барак Обама, чиј мандат истекува на 20 јануари, ги продолжи за една година санкциите против Русија кои беа воведени поради настаните во Украина и на Крим, се наведува во документите што ги објави Белата куќа.

Актуелниот претседател на САД Барак Обама, чија функција истекува на 20 јануари, ги продолжи за една година санкциите воведени против Русија во март 2014 година поради настаните во Украина и на Крим, пренесуваат руските медиуми.

Активностите и политиката на кои овој указ одговара продолжуваат да претставуваат вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД, се вели во указот на американскиот претседател во заминување.

Указот на претседателот на САД под број 13660, усвоена на 6 март 2014 година, е дополнуван со нови укази со што се прошируваа санкциите против руски приватни и физички лица, пишува ТАСС.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.