Хакерот Гучифер 2.0: Немам врска со Русија

Хакерот Гучифер 2.0 (Guccifer 2.0) претходно ја презеде одговорноста за хакирање на системот на Националниот комитет на Демократската партија на САД.

Хакерот Гучифер 2.0, кој ја презеде одговорноста за хакирањето на системот на Националниот комитет на Демократската партија на САД, изјави дека нема врска со руските власти и дека дејствува од сопствени побуди. Ова хакерот го напиша на својот блог.

„Американските разузнавачки агенции објавија неколку извештаи во кои тврдат дека имам врска со Русија. Сакам да разјаснам дека овие обвинувања се неосновано. Немам никаква врска со Русија. Сакам уште еднаш да ви повторам дека дејствував согласно своите лични политички погледи и убедувања“, напиша хакерот, пренесува РТ.  

Претходно во извештајот на директорот на Националната агенција за безбедност на САД (NSA) беше наведено дека руските специјални служби, кои дејствувале под маската на интернационалниот хакер Гучифер 2.0, преку порталот DCLeaks објавиле документи кои влијаеле на резултатите на изборите во САД.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.