Захарова: РТ и „Спутник“ презентираат алтернативно гледиште

Портпаролот на МНР Русија Марија Захарова во текот на неделниот брифинг изјави дека телевизијата РТ и агенцијата „Спутник“ претставуваат алтернативна гледна точка во западниот мејнстрим.

Захарова потсети дека практично половина од објавениот извештај за „руската вмешаност“ во изборите во САД е посветен на работата на РТ и „Спутник“. Според неа, оние кои работеле на тој документ, очигледно, не го владеат рускиот јазик.

„Повторно прашање до оние кои го составуваа: дали сте во тек со фактот дека постојат ресурси како „Гласот на Америка“ и „Радио Слобода“... Доколку тие го владееја рускиот јазик и посветија две-три минути од своето внимание на материјалите што се објавуваат на тие ресурси на руски јазик, тие ќе ни се извинеа затоа што таква пропаганда каква што има таму, сѐ уште се бара“, потенцираше дипломатот, пренесува РИА „Новости“.

Таа додаде дека на Москва ѝ е добро познато кој ги финансира „Гласот на Америка“ и „Радио Слобода“.

„Тоа не е ангажираност, тоа е пропаганда во најчиста форма“, истакна портпаролот на рускиот дипломатски ресор.

Според неа, поради тоа е неумешно да се зборува за „пропагандистичката работа на РТ и „Спутник“.

„РТ и „Спутник“ се едноставно алтернативно гледиште, кое најпосле се проби во таа река на западниот мејнстрим“, изјави Захарова.

Таа исто така им препорача на оние кои ги нарекуваат овие медиуми пропаганда, да прочитаат што пишува „Радио Слобода“. „Ќе се посрамите, затоа што тие тоа го прават од парите на вашите даночни обврзници“, истакна дипломатот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња