Шојгу: Русија нема да се впушта во нова трка во вооружување

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека во иднина високопрецизното оружје може да го замени нуклеарното како фактор на одвраќање.

Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шоојгу говореше на предавањето за раководниот состав на министерството и претставници на јавноста на тема „Актуелните прашања на воената изградба. Современост и перспективи“, пренесува РТ на руски.

Шојгу изјави дека до 2021 година бродовите со крстосувачки ракети ќе ја формираат основата на групата носачи на високопрецизно оружје на Русија.

Министерот, исто така, соопшти дека Русија нема намера да се впушта во нова трка во вооружување, Според него, Русија ќе го одржува достигнатото ниво на воена безбедност.

„Притоа, сакам да потенцирам дека немаме намера да се впуштаме во нива трка во вооружување“, изјави Шојгу.

Шефот на рускиот одбранбен ресор додаде дека борбениот потенцијал на стратешките ненуклеарни сили на Русија до 2021 година ќе порасне за четири пати.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња