Тајниот извештај за врските на Трамп со Русија е дело на интернет-тролови

Врските на Трамп со Русија се измислица на пранкери, пренесуваат социјалните мрежи.

Тајниот извештај на поранешниот член на британското разузнавање за „длабоките врски“ на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп со Русија се покажаа како тролање од страна на еден пранкер од популарниот сајт 4chan. Ова на анонимен форум лично го изјави авторот на „извештајот“, пренесува Gateway Pundit.

Според зборовите на пранкерот, текстот на „тајниот документ“ му бил доставен на американскиот политички колумнист Рик Вилсон (Rick Wilson) уште во ноември 2016 година. „Тие сѐ уште веруваат во тоа. Луѓе, тие се навистина проклето очајни – тоа не е скандалот со Трамп кој заслужува внимание“, истакнува анонимниот пранкер, пренесува „Лента.ру“.

Откако на 10 јануари Си-Ен-Ен објави дека на располагање има документ кој содржи сериозни обвинувања во врска со приватниот живот на Трамп, пранкерот се обиде да ја разјасни ситуацијата. „Вилсон сметаше дека материјалите се вистински ѝ предаде копија на ЦИА, која сметаше дека треба да ги вклучи во извештајот за влијанието на Русија врз изборите во САД. Како резултат на тоа, Трамп и Обама имаа одделни разговори со агентите кои дојдоа до заклучок дека Русите планираат да го уценуваат претседателот со нашата приказна“, објаснува тој.

Претходно во јануари Си-Ен-Ен објави дека извештаните на поранешен британски агент биле основата на извештајот на американските разузнавачки служби за наводната вмешаност на Москва во текот на изборите во САД. Некои од овие податоци беа презентирани во текот на брифингот за новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња