Шојгу со совет до шефот на Пентагон

Шефот на Пентагон Ештон Картер ја згреши земјата кога зборуваше за „нула“ придонесот во борбата против тероризмот во Сирија, изјави на состанокот со раководството на Министерството за одбрана на Русија министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

„Би можел да се согласам со тоа, доколку мојот колега: а) не ја згреши земјата; б) би бил повнимателен во таквите оценки“, ги коментираше Шојгу зборовите на Картер, пренесува РИА „Новости“.

Претходно шефот на американската одбрана Ештон Картер изјави дека придонесот на Русија во борбата против терористичката група „Исламска држава“ е „нула“ и нејзиното присуство само ја „засилува граѓанската војна“.

Министерот за одбрана на Русија исто така изрази надеж дека преговорите во Астана ќе станат почеток на мирното регулирање на ситуацијата во Сирија и дека на борбата на Русија со терористите ќе ѝ се придружат авијацијата и силите на други земји.

Шојгу потенцираше дека Воздушно-космичките сили на Русија ја извршиле во Сирија задачата што им ја постави рускиот претседател.

Според податоците кои претходно ги соопшти началникот на Генералштабот на ВС Русија генерал на армија Валериј Герасимов, од почетокот на операцијата во Сирија во септември 2015 година, руската авијација реализирала повеќе од 19 илјади летови и ослободила од терористите повеќе од 12 илјади квадратни километри.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња