Захарова: Русија е виновна што не ги поправа грешките на САД?

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова ги коментираше зборовите на шефот на Пентагон Ештон Картер за „нултиот“ придонес на Русија во борбата против „Исламската држава“ во Сирија.

„На 8 јануари во интервју за телевизискиот канал Ен-Би-Си Њуз шефот на Министерството за одбрана на САД Ештон Картер изјави: „Русија не направи ништо против „Исламската држава“, фактички нула“. Следниот ден, на 9 јануари, директорот на ЦИА Џон Бренан, во интервју за Си-Ен-Ен го кажа буквално следново: „Ако знаевме тогаш што може да направи ИДИЛ - во врска со нивниот брз пораст во Ирак, кој потоа се прелеа во Сирија - ќе продолжевме ли во иста насока? Веројатно, не. Тешко е да се процени, но приказната ќе беше поинаква“. Јасно е? Според логиката на американската војска, Русија е виновна за тоа што не ги поправа американските грешки“, се вели во изјавата на Захарова на „Фејсбук“.

 

 

Според неа, судејќи според овие изјави, „секој од клучните претставници на администрацијата на Обама во принцип не  комуницираат едни со други (...) или тоа е едноставно катастрофална глупост“.

„Вистина, едното со другото не се исклучуваат“, додава Захарова, пренесува РТ на руски.

На 8 јануари шефот на Пентагон Ештон Картер изјави дека го смета  придонесот на Русија во борбата против терористичката организација „Исламска држава“ во Сирија за „нула“. Според него, „како резултат на тоа, САД мораа сами да се борат со терористите“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња