„Резултатите од претседателствувањето на Обама се внатрешна работа на САД, ние не би сакале да се мешаме во тоа“, изјави Песков, изразувајќи притоа длабоко жалење поради тоа што токму во тоа време настана период на невидена и континуирана деградација на билатералните односи.
Според него, настанатата ситуација не им одговара на интересите на Русија и САД. Москва се надева дека во иднина ќе се успее да се излезе на попозитивна траекторија на изградбата на односите со Вашингтон, пренесува „Взгљад“.
Песков исто така истакна дека новите санкции на САД против Русија – проширувањето на „списокот Магнитски“ од страна на Вашингтон – се дополнителни чекори за вештачка деградација на билатералните односи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче