Гугл ги откупи правата за руската ТВ-серија „Скакулци“

Романсата во едно одморалиште која прераснува во серија убиства е достапна сега на „Гугл Плеј“ (Google Play).
Скакулци
Скакулци Извор: kinopoisk.ru

Гугл ги купи правата за емитување на руската ТВ серија „Скакулци“ (Саранча) во дигиталната продавница Google Play, соопштува vc.ru повикувајќи се на претставник на продуцентската компанија „Среда“.

Според „Среда“, „Скакулци“ е достапен на Google Play на руски јазик со англиски превод.

„Скакулци“ е серија од четири епизоди. Две епизоди чинат 69 рубли (1,13 долари). Тоа е приказна за млади луѓе кои се запознаваат во едно одморалиште и чија љубовна врска прераснува во серија убиства.

Во октомври 2016 година „Среда“ соопшти дека „Нетфликс“ (Netflix) откупи друга нивна серија – „Сребрената лажица“ (Мажор).

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.