Русија меѓу топ-10 туристички дестинации за 2017 година

Русија прогласена за една од најпривлечните 10 туристички дестинации во светот за 2017 година.

Русија се најде на листата со првите десет туристички дестинации за 2017 година според британскиот весник „Дејли Меил“

Оваа година земјата ќе ја прослави 100-годишнината од Октомвриската револуција, потсетува весникот.

Во овој поглед, „Дејли Меил“ им предлага на туристите да нурнат во руската историја и да го посетат Санкт Петербург, каде што есента 1917 година се случи револуцијата, и исто така им советува да одат во Москва, која стана главен град на новата советска држава.

Во првите десет најпривлечни дестинации се најдоа Канада, Жирона во Шпанија, Њу Орлеанс, вториот по големина дански град Архус, Кејптаун (Јужна Африка), архипелагот Туркс и Кајкос во Карипското Море, Иран и англискиот град Кингстон на Хал.

Во декември 2016 „Телеграф“ ја вклучи Русија во листата на најдобрите дестинации за крстарење во 2017 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња