Обама: Не го потценив Путин

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека не го потценил својот руски колега Владимир Путин.

Претседателот на САД Барак Обама смета дека правилно го оценил рускиот лидер Владимир Путин. Ова тој го изјави во интервјуто за телевизијата Еј-Би-Си Њуз, коментирајќи го извештајот на американското разузнавање по повод наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД.

Обама се согласува со заклучоците на извештајот и потврдува дека е убеден во вмешаноста на Русија. Притоа, според него, тој најмногу ги потценил дезинформациите и хакерските упади.

Обама негативно одговори на прашањето дали го потценил Путин. „Не мислам дека го потценив. Но сметам дека го потценив тоа, во колкава мера во новата информатичка ера дезинформациите и упадите можат да влијаат на нашето отворено општество, нашиот отворен систем“, истакна Обама, пренесува „Лента.ру“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.