Тереза Меј не го коментира во детали скандалот со „руските хакери“

Обединетото Кралство треба да го сфати проблемот со сајбер-нападите многу сериозно, изјави британската премиерка Тереза Меј.

Британскиот премиер Тереза Меј се воздржа од коментирање на извештајот на американските разузнавачки служби за „руските хакери“, ограничувајќи се само на изјава дека проблемот со сајбер-нападите Обединетото Кралство треба да го сфати сериозно.

„Прашањето за сајбер-напади и сајбер-нападите, поддржани на државно ниво, не е ново. Тоа треба да се третира многу сериозно“, изјави Меј во интервју за телевизијата „Скај Њуз“ во неделата, пренесува РИА „Новости“.

ЦИА, ФБИ и НСА во петокот објавија извештај во кој уште еднаш ја обвинија Русија за „мешање во американските избори“, но одбија да презентираат некакви докази, повикувајќи се на тајноста на разузнавањето. Во исто време, во извештајот е наведено дека американските разузнавачки агенции извлекуваат заклучоци за „руските тајни операции за влијаење на изборите“ според извори, како што се извештаите на руската телевизија и пишување во социјалните мрежи. Речиси половина од извештајот е посветен на каналот РТ и новинската агенција „Спутник“, при што податоците за РТ се во основа стари пет години.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.