Анкета: Западот се плаши од скорешен почеток на трета светска војна

Американците изјавија дека ги плаши претседателствувањето на Трамп, а Британците зборуваа за стравот на Русија.

Третата светска војна би можела да почне во најскоро време, а светот балансира на работ на најголемиот конфликт во историјата, покажа анкетата на истражувачката компанија YouGov, спроведена меѓу жителите на западните земји.

Како што прецизира „Индепендент“, во текот на истражувањето биле анкетирани девет илјади луѓе во девет земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија и Франција.

Испитаниците изјавија дека, според нивното мислење, воспоставувањето мир во светот во наредните години е малку веројатно, затоа пак најголемиот меѓународен вооружен конфликт би можел да започне наскоро. На пример, 64% од испитаниците во САД предвидуваат светска војна, во Велика Британија - 61%.

Во таков развој на настаните не веруваат жителите на скандинавските  земји, на пример, само 39% од Данците сметаат дека на светот сериозно му се заканува светска војна.

Раководителот на политичките и социјални истражувања на YouGov Ентони Велс констатира дека најмногу страв од голем конфликт има во Франција и САД, но од различни причини. Американците ги објаснуваат своите стравови од светска војна со скорешното стапување на функцијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

59% од Американците ја сметаат Русија за закана, а дури 71% од Британците стравуваат од Москва. Притоа во Обединетото Кралство бројот на таквите е поголем од, на пример, во Финска и Германија, кои географски се многу поблиску до Руската Федерација.

Во Франција, луѓето се плашат од тероризам. Повеќе од 81% од испитаниците веруваат дека нови напади ја чекаат земјата во блиска иднина.

Во целина, жителите на секоја од анкетираните земји, со исклучок на Финска, изјавија дека веројатноста од терористички напади во нивните земји е многу висока, пренесува „Интерфакс“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.