Германските разузнавачки служби ја сомничат Русија за сајбер-напад врз ОБСЕ

Германска тајна служба ја обвинува Русија за хакерски напад врз ОБСЕ.

Шефот на Федералната канцеларија за заштита на уставот (BFV – Внатрешно разузнавање на Германија) Ханс-Георг Маасен изјави дека нападот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), можел да биде извршен од Русија, пишува весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

На крајот на декември беше се дозна дека есента 2016 година ОБСЕ било подложено на хакерски напад, но кој стоел зад тоа, не е прецизирано.

Маасен изјави дека при нападот врз ОБСЕ се користела инфраструктура слична на онаа што ја користи групата хакери позната како APT28. Тој исто така потсети дека APT28 извршиле напади насочени против Бундестагот.

„Во случајот со APT28, постојат докази кои укажуваат на руски извори“, изјави Маасен.

Претходно, францускиот весник „Монд“, повикувајќи се на неименувана „западна специјална служба“, пишуваше дека хакерскиот напад врз ОБСЕ се должи на активностите на групата, наводно, руски хакери APT28, пишува РИА „Новости“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.