Симоњан одговори на обвинувањата на националното разузнавање на САД

Главниот и одговорен уредник на РТ Маргарита Симоњан одговори на обвинувањата на шефот на Националното разузнавање на САД Џејмс Клапер.

Главниот и одговорен уредник на ТВ каналот РТ Маргарита Симоњан ги коментираше изјавите на директорот на Националното разузнавање на САД Џејмс Клапер за тоа дека работата на тој канал е насочена против САД.

Американскиот политичар на сослушувањето во Сенатот во четвртокот изјави дека е „длабоко загрижен“ од работата на РТ.

„Шефот на националното разузнавање на САД изјавува дека РТ го поткопува американскиот систем, едноставно раскажувајќи за она што се случува во неговата земја“, изјави Симоњан, пренесува РИА „Новости“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.