Националното разузнавање на САД „длабоко загрижено“ поради работата на РТ

Шефот на Националното разузнавање на САД Џејмс Клапер изјави дека е „длабоко загрижен“ поради работата на руската телевизија РТ која, според него, е насочена против САД.

„Што се однесува до РТ, таа е многу сериозно поддржана, финансирана од страна на руската влада. И таа многу активно промовира одредена точка на гледање, занемарувајќи го нашиот систем, припишува (на САД) лицемерие во однос на човековите права и така натаму“, изјави Клапер на сослушувањето во Сенатот во врска со прашањето за борба против сајбер-заканите.

Тој додаде дека меѓу другите видови на информативни активности на Русија против САД спаѓаат објавувањето на „лажни вести“ и „користењето на социјалните мрежи“. Притоа Клапер не наведе докази за неговите зборови.

„Мислам дека збирот од сето ова (активностите Русија), без оглед на добиениот ефект кој ние не можеме да го измериме, мене не само како директор на националното разузнавање, туку и како граѓанин, крајно ме загрижува“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.

Клапер ја напушта својата функција на 20 јануари, по стапувањето на должност на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња