Хакерот Гучифер ги нарекува „хистерија“ обвинувањата на САД против Русија

Хакерот Гучифер (Guccifer), кој претходно изврши упад во електронската пошта на Хилари Клинтон, се сомнева во руската вмешаност во сајбер-нападите врз американскиот политички систем. Тој ги нарече ваквите обвинувања на Вашингтон против Русија „хистерија“ и дел од „лажната сајбер-војна“.

Романскиот хакер Марсел Лазар, исто така познат како Гучифер (Guccifer), кој го призна хакирањето на електронската пошта на поранешниот кандидат за претседател на САД Хилари Клинтон, изјави дека се сомнева во обвиненијата на администрацијата на Обама против Русија во врска со нејзината вмешаност во сајбер-нападите за време на претседателските избори во САД во 2016 година.

Во ексклузивното интервју за ТВ каналот „ФоксЊуз“ тој ги нарече нападите на САД врз Русија „хистерија“ и „лажна сајбер-војна“.

„Американците полудеа од мислата за Русите, дека тие упаѓаат во САД“, изјави Лазар. „Тоа е лудост. (…) Тоа е хистерија, разбирате?“, додава тој.

Интервјуто со Лазар, кој сега се наоѓа на издржување на казна затвор во Романија врз основа на обвиненијата за компјутерски криминал, беше снимено за време на серијата телефонски разговори со него. Во мај Лазар во интервју за „Фокс Њуз“ тој призна дека постојано го хакирал личниот e-mail сервер на Хилари Клинтон кој таа го користела додека беше државен секретар на САД, пренесува РБК.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.