Трамп: одложен брифингот на специјалните служби за „руските хакери“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека брифингот на службите за безбедност во врска со ситуацијата со изборите во САД и наводната вмешаност на Русија во нив е одложен до петок.

Претходно беше објавено дека американските разузнавачки агенции оваа недела ќе одржат за Трамп конечен брифинг за овие прашања.

„Брифингот на „разузнавањето“ за таканареченото „руско хакирање“ е одложен до петок, можеби треба повеќе време за да се изгради случај. Многу чудно“, се вели во изјавата на Трамп објавена на неговиот профил на „Твитер“.

Претходно беше објавено дека Трамп оваа недела ќе се сретне со претставници на американските разузнавачки служби, кои ќе му достават информација врз основа на која тие ја обвинија Русија за обиди за пробивање на компјутерските системи во САД. Трамп во интервју за списанието „Хил’ вети дека ќе ги сподели тие информации со јавноста во вторник-среда, пренесува РИА „Новости“.

 

 

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.