Директорот на украински „Нафтогас“: Русија е многу силен противник

Директорот на „Нафтогас на Украина“ Андреј Коболев изјави дека неговата компанија е подготвена да сподели дел од својот бизнис заради зачувување на транзитот преку Украина по истекот на договорот за транзит со Русија во 2019 година.

За Украина ќе биде многу тешко да остане транзитна земја за рускиот гас без учество на европските компании кои би управувале со гасоводниот систем на земјата, изјави во интервју за украинскиот „5 канал“ првиот човек на „Нафтогас на Украина“ Андреј Коболев.

Според него, „Нафтогас“ е фактички подготвен да сподели дел од својот бизнис заради зачувување на транзитот преку Украина по 2019 година (годината кога истекува договорот за транзит со Русија).

Тој ја нарекува Русија „многу силен противник“ кој ѝ дава на Европа поволна понуда со „Северен тек 2“.

Во случај на реализација на овој проект, како и на „Турски тек“, Москва може да ја прекине испораката на гас преку Украина, смета Коболев и истакнува дека во тој случај гасот ќе биде поскап за Европејците.

Претходно колумнистот на „Форбс“ Кенет Рапоза укажа на податоците на Европската мрежа на оператори со системите за транспорт на природен гас (ENTSOG), според кои последната недела од годината обемот на гас кој се испорачува до Европа од Русија преку Украина значително се намалил.

Според него, Киев поради овие податоци треба да се замисли што ќе се случи со енергетиката на земјата, кога приливот на „лесни пари“ за транзит на рускиот гас ќе се сведе на „нула“, пишува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња