„Испораката на гас преку „Северен тек“, преку трасата изградена пред неколку години, денес излегува околу 1,5 пати поевтина за европските потрошувачи од транспортот преку гасоводниот систем на Украина“, изјави Новак, пренесува „Взгљад“.
Претходно првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер изјави за постоењето на голем број на ризици за транзитот на гас преку Украина до Европа. Тој соопшти дека во случај на несанкционирана дистрибуција на горивото, „Гаспром“ може да ги прекине испораките во ЕУ преку оваа траса.
Првиот крак на „Северен тек“ кој поминува на дното на Балтичкото море, беше пуштен во работа на 8 ноември 2011 година, вториот - во октомври 2012 година. Гасоводот се состои од два крака со должина од 1224 километри, со капацитет од 27,5 милијарди кубни метри гас годишно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче