МНР Турција:убиецот на амбасадорот Карлов поврзан со приврзаниците на Ѓулен

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу соопшти дека убиецот на рускиот амбасадор Карлов бил поврзан со организацијата на опозицискиот исламски проповедник Фетулах Ѓулен.

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави во средата дека Анкара има информации за поврзаноста на убиецот на рускиот амбасадор со организацијата на проповедникот Фетулах Ѓулен, соопштува турската агенција „Анадолу“.

„Информациите и документите што ги имаме на располагање ни велат дека убиецот бил поврзан со терористите на Фетулах Ѓулен“, изјави Чавушоглу.

Претходно претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека врските на терористот, кој го уби рускиот амбасадор во Анкара, укажуваат на тоа дека тој ѝ припаѓа на организацијата на опозицискиот исламски проповедник Ѓулен (FETO).

Турските власти го обвинија Ѓулен за вмешаност во обидот за државен удар во земјата на 16 јули 2016, и побараа од САД негова екстрадиција, пишува РИА „Новости“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.