Московското воено музичко училиште го доби името „Халилов“

Рускиот премиер Дмитриј Медведев потпиша указ за доделување на името на раководителот на ансамблот „Александров“ генерал-полковник Валериј Халилов, кој загина во авионската несреќа во близина на Сочи, Москва, на Военото музичко училиште.

Соодветниот указ беше објавен на сајтот на владата на РФ.

Во авионската несреќа на Ту-154 на руското Министерството за одбрана загинаа 64 членови на ансамблот „Александров“, вклучувајќи го и неговиот раководител Валериј Халилов.

„Да се додели на федералната државна професионална образовна институција „Московско воено-музичко училиште на Министерството за одбрана на Руската Федерација“ почесниот назив „генерал-полковник В.М. Халилов“, се вели во документот што го пренесува РИА „Новости“.

Покрај тоа, со декретот се истакнуваат особените заслуги на Московското воено музичко училиште во обуката на специјалисти за воено-оркестарска служба во Вооружените сили на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња