По што е познат ансамблот „А.В. Александров“?

Валериј Халилов, диригент на хорот на Црвената армија

Валериј Халилов, диригент на хорот на Црвената армија

ТАСС
Во последниве 90 години уметниците од воениот Академски ансамбл на песни и танци „А.В. Александров“, главниот воен музички колектив на земјата, го креваа воениот дух на војниците во целиот свет.

Уметниците на воениот ансамбл „А.В. Александров“ кои загинаа при падот на авионот Ту-154 летаа во Сирија на новогодишен концерт за жителите на ослободеното Алепо.

Во последниве 90 години (оркестарот е основан во 1928 година) музичарите настапувале на најжешките точки во сиот свет.

Во неговиот прв состав имало само 12 музичари: осуммина пејачи, двајца танчари, хармоникаш и рецитатор. Во 1937 година бројот на уметниците се искачил на 274. Истата година колективот добил гран-при на светската изложба во Париз.

На почетокот на Големата татковинска војна оркестарот го создал едно од најпознатите дела, со кое на 26 јуни 1941 година на фронт замина Црвената армија, песната „Священная война“ („Света војна“ – заб. прев.).

 

Во 2007 година ансамблот „А.В. Александров“ беше првиот руски музички колектив во историјата кој има настапувано во седиштето на НАТО. Имено тогаш музичарите ја исполнија „Света војна“.

За време на Втората светска војна оркестарот одржал 1.500 концерти во воените кампови и во воените логори на територијата на СССР.

Потоа тие имаат настапувано во Југославија, во Авганистан, во Полска, во Финска и во многу други земји.

Композиторот Александар Александров, чие име до денешен ден го носи колективот, е еден од авторите на музиката за химната на СССР, која во 2000 година стана современа химна на Русија. Сергеј Михалков, авторот на текстот на првичната верзија на химната, тогаш создал нови стихови за неа.

Првиот свој настап во Сирија ансамблот „А.В. Александров“ го имаше на авиобазата Хмејмим во јануари 2016 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња