Медиум: Русија е главна на Блискиот Исток

Британскиот весник „Гардијан“ ги анализира шансите за успех на примирјето во Сирија.

И покрај предвидувањата на западните лидери, Русија во новата година влегува како еден од клучните фактори на меѓународната сцена, пишува британски „Гардијан“.

Претходно британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон го нарече рускиот претседател Владимир Путин „меѓународен отпадник“, а претседателот на САД Барак Обама ѝ предвиде на Москва дека ќе заглави во „сириското мочуриште“. Договорот на „тројката“  составена од Русија, Иран и Турција за прекин на огнот во Сирија покажа дека овие предвидувања не се реализираа, како и дека на Блискиот Исток командува Русија, а не САД, пишува аналитичарот Патрик Винтур.

Многумина оправдано предупредуваат дека, судејќи според досегашното искуство, прекините на огнот во Сирија се нестабилни и не водат кон мировни преговори, истакнува Винтур. Сепак, мировната иницијатива на Русија и Турција има реална основа. Во оваа ситуација се здобија со четири клучни фактори: населението на Сирија е исцрпено од војната, дојде до значајни промени во воениот однос на силите, се преиспитаа улогите на клучните фактори и составот на дипломатските сојузи.

Воениот однос на силите се смени по поразот на терористите во источно Алепо, смета новинарот. Значајни промени на дипломатско поле ќе се случат по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД: многу веројатно е дека тој попрвин ќе го поддржи Башар Асад отколку да им помогне на терористите. Покрај тоа, најголемиот противник на сирискиот режим, Турција, одлучи да ја поддржи Русија.

Терористите во таква ситуација можат само да се потпрат на сопствените сили и на земјите од Персискиот залив, што не им ветува светла иднина, со оглед дека Саудиска Арабија, откако ја виде цената на војната во Јемен, нема да преземе воена акција без поддршка од Америка.

Русија, од друга страна, добива дипломатски и економски знаци на почит од традиционалните американски сојузници во регионот: инвестиции од Катар, кој вложи во акциите на „Роснефт“, иако руската компанија е под американски и европски санкции.

„И Египет е подготвен да сврти нова страница во односите со Москва. Така што пред очите исчезнуваат многу стари пречки на патот до мирот“, истакнува аналитичарот.

Сепак, ова не значи дека на Русија ќе ѝ биде лесно да стави крај на исклучително сложениот граѓански конфликт, смета аналитичарот. Сѐ уште има многу пречки кои треба да се надминат. На пример, Турција продолжува да инсистира сирискиот претседател да ја напушти функцијата и затоа Москва ќе мора да најде форма за преговорите во која судбината на Асад ќе биде одложена. Покрај тоа, преговарачите допрва ќе треба да утврдат кого од бунтовниците да повикаат на преговарачка маса и дали може да учествува во преговорите и Саудиска Арабија, која е во непријателство со Иран.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња