Медиум: Русија, Турција и Иран ќе ја поделат Сирија на зони на влијание

Договорот, потпишан од страна на Русија, Турција и Иран за Сирија вклучува поделба на САР на неформални зони на влијание; притоа претседателот Башар Асад ќе остане претседател најмалку следните неколку години, изјавија извори.

Еден извор изјави дека трите земји ќе ја поделат Сирија на зони на влијание, а Асад ќе го задржи претседателското место неколку години, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, турски високопозициониран извор изјави во средата дека понатамошните преговори меѓу трите земји најверојатно ќе ја допрецизираат улогата на Асад. Притоа тој тврди дека Асад нема да учествува во преговорите со опозицијата во Астана.

Исто така, во преговорите нема да учествува ни Вашингтон.

Турција претходно искажуваше мислење дека ниту преодната влада, ниту иднината на земјата во целина не може да биде поврзано со Асад – тој не може да биде прифатен од сите страни во конфликтот.

Претходно во средата министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека Москва и Анкара подготвиле два договора за Сирија – за политичко решение и за прекин на огнот. Пред тоа беше соопштено дека сеопфатното примирје на територијата на Сирија според руско-турскиот план треба да почне на полноќ на 29 декември, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња