МНР РФ му предлага на Путин да протера 35 американски дипломати

Министерството за надворешни работи на Русија му предлага на претседателот Путин реципрочни мерки како одговор на американските санкции.

Министерството за надворешни работи на Русија му достави предлог на претседателот на РФ Владимир Путин да прогласи 35 американски дипломати за персони нон грата. Ова во петокот, 30 декември, го изјави шефот на рускиот дипломатски ресор Сергеј Лавров, пренесува „Лента.ру“.

Според министерот за надворешни работи на РФ, се предлага да бидат протерани од Русија 31 службеник на амбасадата на САД во Москва и 4 службеници на генералниот конзулат на САД во Санкт Петербург.

Овие мерки се предлагаат како одговор на новите санкции на САД против Русија, кои вклучуваат и протерување во рок од 72 часа на 35 руски дипломати, како и затворен пристап до два објекта кои тие ги користат.

Белата куќа тврди дека мерките се „одговор на малтретирањето на американските дипломати во Москва од страна на руските власти“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња