Анкара и Москва договорија план за општо примирје во Сирија, соопштува турската агенција „Анадолу“.
Претходно дипломатски извор соопшти дека руски и турски воени претставници водат во Анкара преговори со сириската опозиција.
Според информациите на агенцијата, руско-турскиот документ предвидува прекин на огнот од 00:00 часот на 29 декември. Притоа договорот за примирје не ги вклучува терористичките организации.
Официјални коментари за планот на Москва и Анкара засега нема.
Минатата недела шефовите на дипломатиите на Русија, Иран и Турција дискутираа за ситуацијата во Сирија, вклучувајќи го и Алепо. Во преговорите што се одржаа во Москва учествуваа и шефовите на министерствата за одбрана на трите земји.
По средбата министрите изјавија за важноста на проширување на режимот на прекин на огнот во Сирија. Покрај тоа, Москва, Техеран и Анкара се подготвени да станат гаранти на договорот што се подготвува меѓу Дамаск и опозицијата, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче