Медиум: САД ја загубија улогата на светски полицаец

Американскиот „Вашингтон Пост“ објави статија во која пишува дека поради нерешителноста и студениот однос на претседателот на САД Барак Обама спрема величината на својата држава, на американското лидерство во светот му дошол крајот.

Според мислењето на изданието од 20 декември 2016 година „векот на Америка заврши со крах“. „Турција, Иран и Русија се сретнаа во Москва за да се занимаваат со Блискиот Исток. САД дури и не ги повикаа на состанокот“, напиша авторот на „Вашингтон Пост“.

Од материјалот следува дека главни саботери и дисиденти на американскиот светски поредок се Русите, Иранците и Турците. Притоа Турција меѓу редови се обвинува и за предавство, затоа што е членка на НАТО.

Според мислењето на новинарот, Обама, без самиот да биде свесен за тоа, „радосно раководеше со исчезнувањето на влијанието на САД“. „Сириски Алепо се претвори во куп камења, стана место за смрт на илјадници луѓе и крах на американското влијание“, се вели во статијата, во која се истакнува дека Русија успеала да го направи за сирискиот режим она, што САД не успеаја да го направат за бунтовниците.

На крајот на материјалот САД се нарекуваат светски полицаец, при што се истакнува дека со неговото исчезнување светот наводно ќе западне во крвав хаос, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња