Министерството за надворешни работи на Русија истакнува дека одлуката на Вашингтон директно ги загрозува руските ВКС, рускиот воен персонал и амбасада на Русија во Сирија, која и претходно беше гранатирана.
„Затоа гледаме на наведениот чекор како на непријателски“, изјави Захарова, чии зборови се наведуваат на официјалниот сајт на МНР Русија.
Покрај тоа, Москва не разбира на кој начин Русија е „закана“ за суверенитетот на земјите-членки на Северноатлантската алијанса, бидејќи токму САД и нивните сојузници демонстрираат зголемена воена активност – „ги шират границите на Алијансата и го приближуваат својот воен потенцијал до нашите граници“, додава Захарова.
Таа истакнува дека Русија, се разбира, мора да го земе предвид таквиот развој на настаните во текот на спроведувањето на своите програми за изградба на вооружените сили.
Министерството за надворешни работи, исто така, истакнува дека поголем дел од законот е посветен на темата на противракетната одбрана. „Притоа, претходно американската ПРО имаше за задача да парира на „ограничени напади“ врз САД, сега таа мора да обезбеди „ефикасна, сигурна, слоевита“ „одбрана од ракетни напади“, потенцира Министерството за надворешни работи на Русија.
Според министерството, тоа потврдува дека „бајките за „нуклеарната закана од Иран и Северна Кореја“, со кои долго време нѐ гостеа... се фрлени настрана“. Како што изјавува МНР РФ, на Москва ѝ е јасно дадено до знаење дека плановите на Вашингтон се многу пошироки отколку што се презентираа претходно, и се во насока на укинување на нуклеарниот паритет со Русија заради постигнување унилатерална предност на стратешки план, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче