Спасувачки бродови го пребаруваат местото каде што се урна рускиот авион Ту-154.
EPAПретседателот на Русија Владимир Путин му наложи на премиерот Дмитриј Медведев да формира и да биде на чело на државната комисија за истрага на падот на авионот Ту-154 во Сочи, соопшти во неделата прес-службата на Кремљ, пренесува „Интерфакс“.
„Шефот на државата го изрази своето длабоко сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во авионската несреќа“, се вели во соопштението.
Авион Ту-154 на руското Министерство за одбрана авион исчезна од радарот во неделата наутро 20 минути по полетувањето од Сочи. Во авионот, според последните податоци, имало 92 лица, меѓу кои новинари и воениот ансамбл „Александров“. Авионот леташе за Сирија, каде што требаше да настапи со концерт во воздухопловната база „Хмејмим“ и да им ги честита новогодишните празници на руските војници кои служат таму.
За падот на Ту-154 е поднесена кривична пријава. Истрагата на случајот ќе ја врши централниот апарат на Истражниот комитет на Русија. Според првиот човек на ИК Александар Бастрикин, „испратена е група искусни иследници“.
На местото на несреќата работат стручњаци на Министерството за одбрана на РФ и Министерството за вонредни состојби. Пронајдени се телата на неколку загинати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче