Путин објасни зошто амбасадорот Карлов беше без обезбедување

Претседателот на Русија ги објасни причините за отсуството на обезбедување на убиениот амбасадорот на РФ во Турција Андреј Карлов.

Безбедноста на дипломатите се обезбедува само на територијата на амбасадата, изјави претседателот на Русија Владимир Путин, коментирајќи го отсуството на вооружено обезбедување на амбасадорот во Турција Андреј Карлов на денот на неговото убиство.

„Постои општи правило според кое вооружено обезбедување на амбасадата ... работи само на територијата на амбасадата, надвор од оградата со оружје не се излегува. Проблемот е во тоа. И не е работата во Турција, работата е во тоа што во повеќето земји е така“, изјави Путин на состанокот со претставниците на двата дома на парламентот, пренесува РИА „Новости“.

Според претседателот на Русија, во некои земји „земајќи ги предвид карактеристиките на процесите кои се одвиваат таму“, би можело да направи договор за поинаков механизам на обезбедување на руските дипломати.

Одговорноста за убиството на амбасадорот Карлов ја презеде сириската вооружена коалиција „Џаиш ал Фатах“. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган од своја страна изјави дека убиецот на амбасадорот е поврзан со организацијата на опозицискиот исламски проповедник Фетула Ѓулен.

Во Турција пристигна специјална истражна група од Русија која ќе учествува во истрагата за убиството на Карлов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња