Одговорноста за убиството на Карлов ја презеде „Џаиш ал Фатах“

Организацијата „Џаиш ал Фатах“ ја презеде одговорноста за убиството на амбасадорот Карлов.

Како што соопштува телевизијата „Ас-Сумарија“, одговорноста за убиството на амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов ја презеде вооружената коалиција на „Џаиш ал Фатах“.

Коалицијата на борбените фракции е формира во 2015 година и се бори против сирискиот режим. „Џаиш ал Фатах“ (Армија на освојувањето) учествуваше во борбените дејствија на северозападот на Сирија. Во неа влегуваат радикални исламисти – салафистичката групација „Арар ал Шам“ и „Џебхат Фатах ал Шам“. До неодамна „Џебхат Фатех аш Шам“ го носеше називот „Џебхат ан Нусра“ и беше поврзувана со „Ал Каеда“.

Рускиот дипломат беше убиен во Анкара од страна на 22-годишниот Мевлут Мерт Алтинташ. Убиецот го застрела амбасадорот, извикувајќи „Не заборавајте на Алепо!“, „Не заборавајте ја Сирија!“ „Сѐ додека нашите браќа не се безбедни, и вие нема да бидете безбедни“ и „Алаху акбар!“. Покрај дипломатот беа ранети уште три лица. Убиецот беше застрелан од полицијата, пишува „Комерсант“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња