Списокот е дополнет со седум физички лица, осум организации и два танкери – „Маршал Жуков“ и „Сталинград“, пренесува РИА „Новости“.
Исто така се прецизирани и ограничувањата против компанијата „Новатек“ која веќе се наоѓа под санкции (во документот се набројани сите нејзини 26 компании-ќерки).
Шефот на одделот за контрола на странски активи на Министерството за финансии на САД Џон Смит потенцираше дека списокот е проширен поради ситуацијата во Украина и Крим.
Последен пат американското Министерство за финансии го прошири списокот со санкции на почетокот на септември. Тогаш на листата се најдоа 17 физички лица и 20 компании, вклучувајќи ги и фирмите-ќерки на „Гаспром“ и „Банката на Москва“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче