Претседателот на Македонија Иванов упати телеграма со сочувство до Путин

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов испрати телеграма со сочувство до претседателот на Руската Федерација Владимир Путин по повод убиството на рускиот амбасадор во Анкара.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати телеграма со сочувство до рускиот претседател Владимир Путин по повод атентатот врз амбасадорот на Руската Федерација во Република Турција, Андреј Карлов.

„Со шокираност и со чувство на огорченост ја примив веста за атентатот врз амбасадорот на Руската Федерација во Република Турција, Андреј Карлов. Ова ѕверско убиство е напад против сите правила и принципи на меѓународните односи. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејството на амбасадорот Карлов, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое, лично, име да Ви упатам изрази на длабоко сочувство“, се вели во телеграмата од Иванов до Путин.

Телеграмата е објавена на сајтот на македонскиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња