„Руските хакери” се разочарани сопартијци на Клинтон

Пристапот до електронската пошта на Хилари Клинтон „ВикиЛикс“ не го доби од хакери, туку од инсајдерски извори во Демократската партија на САД, соопшти соработник на организацијата.

Се покажа дека електронската преписка на Хилари Клинтон не е објавена благодарение на „руски хакери“, туку благодарение на инсајдерските информации од членови на Демократската партија на САД, пишува „Взгљад”. Преписката на Клинтон претходно ја објави порталот „ВикиЛикс“.

Поранешниот британски дипломат Крег Мареј, кој работи за „ВикиЛикс“, изјави дека организацијата го добила пристапот до електронската пошта на поранешната кандидатка за американски претседател Хилари Клинтон не од хакери, туку од инсајдери во Демократската партија.

Мареј, кој порано беше британски амбасадор во Узбекистан, изјави дека тој лично одел во Вашингтон да го преземе тој материјал. Според него, документите ги добил на лична средба.

Поранешниот британски дипломат тврди дека изворот сакал да се објават писмата затоа што категорично не ја прифаќа корупцијата во Фондот на Клинтон и затоа што бил против создавањето на неповолните услови во предизборната борба за Берни Сандерс, главниот противник на Клинтон во битката за внатрешнопартиските избори.

Русија нема никаква врска со објавувањето на документите кои ја компромитираат Клинтон, објави Мареј на својата веб-страница. Тој изрази уверување дека Клинтон самата дала повод за ширењето на информациите кои имаа негативно влијание врз нејзината предизборна кампања.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња