Русија и САД сѐ уште немаат постигнато договор за прашањето за повлекување на милитантите од сириски Алепо, изјави за РИА „Новости“ рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Претходно агенцијата „Ројтерс“ соопшти дека Москва и Вашингтон наводно понудиле безбедна евакуација на милитантите од источно Алепо. Агенцијата повикувајќи се на добиениот текстот на документот од преговорите на страните за ситуацијата во Алепо, пишува дека предлогот на Русија и САД предвидува повлекување на милитантите на „Џебхат ан Нусра“ од Алепо само во провинцијата Идлиб со лесно оружје, а другите милитанти можат да се повлекуваат од борбените зони во други насоки.
„Она што го соопштуваат западните агенции, не мора да одговара на реалноста. Најважно е што во врска со ова треба да се забележи е дека ние, Русија, нашата група во Сирија долго време презема сѐ што е неопходно за да создаде услови за безбедно напуштање на градот (Алепо) за сите кои се наоѓаат таму“, изјави Рјабков.
Според него, „прашањата за повлекување на милитантите е предмет на посебен договор со САД“. „Тој договор сѐ уште не е постигнат во голема мера поради фактот дека САД инсистираат на неприфатливи параметри од гледна точка на прекин на огнот, прекин на борбените дејствијаа, во суштина се обезбедува целосна слобода на движење за оние со кои во моментов се борат сириските владини сили“, истакна заменик-министерот за надворешни работи на Русија.
Тој додаде дека поради тоа „за никаков заеднички предлог, за никакви предлози ставени на маса, кои потоа ќе бидат разгледани од страна на опозицијата, не станува збор“. „Нејасно е врз какви извори се потпираат оние кои на таков начин го подгреваат информациониот простор“, изјави рускиот дипломат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче