Железњак: Високо ниво на политичка конкуренција на изборите во Македонија

http://er.ru/
Вонредните парламентарни избори во Македонија кои се одржа во неделата на 11 декември покажаа високо ниво на политичка конкуренција што зборува за интензивна потрагата на патишта за развој на земјата

Вонредните парламентарни избори во Македонија кои се одржа во неделата на 11 декември покажаа високо ниво на политичка конкуренција што зборува за интензивна потрагата на патишта за развој на земјата, а тоа одговара на националните интереси и на волјата на македонските граѓани во услови на промени во глобалните и во регионалните политички вектори. Ова денес го изјави заменик-секратарот на генералниот совет на „Единствена Русија“, член на комитетот за меѓународни работи на Државната дума Сергеј Железњак.

„Би сакал да им честитам на партиите ВМРО-ДПМНЕ, на Демократската партија на Србите во Македонија и на сите членови на коалицијата 'За подобра Македонија' за оваа тешка и заслужена победа. Им посакувам на македонските колеги успешен развој на внатрешнополитичкиот дијалог и постигнување концензус за прашањата за формирањето на новиот состав на парламентот и на владата на Република Македонија“, забележува парламентарецот.

„Народите од нашите земји ги обединуваат многувековни историски традиции на духовни и на културни односи. Во современите услови Русија и Македонија имаат голем потенцијал за развој на конструктивна повеќепланска соработка, насочена кон зацврстување на традиционално добрите односи на нашите земји“, заклучува Железњак.

Според неофицијалните податоци објавени на сајтот на Државната изборна комисија на Република Македонија на 12 декември во 13 часот на предвремените парламентарни избори во неделата излегле 1.189.481 лице, односно излезеноста изнесува 66.88%. врз основа на 99.72% од обработените гласачки ливчиња води коалицијата „За подобра Македонија“ на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и други партии, која доби 38.06% од гласовите. Опозицискиот блок предводен од СДСМ има добиено 36.69%. Албанските партии ги добија следниве проценти: ДУИ-7.30%, ДПА-2.61%, Алијанса на Албанците-2.95%, БЕСА-4.87%. На изборите учество зедоа 11 политички партии и коалиции.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња