Медиум: ЦИА смета дека Русија се мешала во изборите во САД

Весникот „Вашингтон Пост“ пишува дека ЦИА дошла до заклучок дека Русија била вмешана во изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) заклучила дека Русија, наводно, се замешала во текот на претседателските избори во САД во 2016 година за да му помогне на Доналд Трамп да победи, соопштува весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори.

Според весникот, тајните служби го утврдиле идентитетот на лицата кои наводно се поврзани со руските власти, кои, наводно, му доставиле на сајтот „ВикиЛикс“  илјадници е-писма добиени со хакирање на серверите на Демократската партија, како и на претседателот на штабот на Хилари Клинтон, Џон Подеста. Изворите изјави за весникот дека лицата ѝ познати на ЦИА и се дел од „операцијата на РФ за промоција на Трамп и нанесување штета на Клинтон“.

„Разузнавачката заедница дојде до заклучок дека целта на Русија била да се поддржи еден од двајцата кандидати, да му помогне на Трамп да победи. Тоа е општото мнение“, пишува весникот, цитирајќи висок американски претставник.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња