Сириската армија со активна поддршка на руските Воздушно-космички сили ги одби сите обиди на терористите да се пробијат до Палмира, соопшти Министерството за одбрана на РФ, пренесува агенцијата ТАСС.
Како што наведува рускиот воен ресор, во текот на ноќта биле одбиени сите напади на терористите на Палмира. Терористите во тие напади активно користеле автомобили-бомби со возачи-самоубијци, оклопна техника и ракетна артилерија.
Ноќта меѓу 10 и 11 декември авијацијата на ВКС Русија изврши 64 напади врз позициите на терористите. Во нападот се уништени единаесет непријателски тенкови и пешадиски борбени возила, како и 31 возило опремено со митралези со голем калибар и 300 терористи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче